Стар Завет

Нов Завет

Излез (2 Moj.) 23:23-33 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

23. Мојот ангел ќе врви пред тебе и ќе те доведе до Аморејците, Хетејците, Ферезејците, Хананците, Евејците и Евусејците, за да ги уништам.

24. Немој да им се клањаш на нивните идоли ниту им искажувај почитување; не постапувај како што прават тие, туку сруши им ги нивните идоли и искрши им ги столбовите.

25. Искажувајте Му почитување на Господа, својот Бог, па ќе ги благословувам твојот леб и твојата вода и ќе ја отстранам болеста од тебе.

26. Во твојата земја ќе нема пометнувачка; Јас ќе го направам полн бројот на твоите денови.

27. Пред тебе ќе го испратам Својот страв; во безредие ќе го фрлам сиот свет, среде кој ќе дојдеш, и ќе направам сите твои непријатели да бегаат пред тебе.

28. Ќе испраќам стршели пред тебе, за да ги истераат пред тебе Евејците, Хананците и Хетејците.

29. Не ќе ги истерам пред тебе за една година, за да не опусти земјата и за да не се намножат дивите животни на твоја штета.

30. Ќе ги терам пред тебе малку по малку додека ти порасте потомството, така што ќе ја заземеш земјата.

31. Ќе ти поставам граница: од Црвеното до Филистејското Море, од пустината па до Реката. Имено, ќе ги предадам жителите на земјата во твоите раце, а ти терај ги пред себе.

32. Не прави завет ни со нив ниту со нивните идоли.

33. Нека не останат во твојата земја, за да не те наведуваат на грев против Мене. Ако би ги почитувал нивните идоли, тоа би било стапица.”

Прочитајте целосна глава Излез (2 Moj.) 23