Стар Завет

Нов Завет

Излез (2 Moj.) 23:22-32 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

22. Ако му се покоруваш верно и ако вршиш сè што Сум наредил, Јас ќе им бидам непријател на твоите непријатели и противник на твоите противници.

23. Мојот ангел ќе врви пред тебе и ќе те доведе до Аморејците, Хетејците, Ферезејците, Хананците, Евејците и Евусејците, за да ги уништам.

24. Немој да им се клањаш на нивните идоли ниту им искажувај почитување; не постапувај како што прават тие, туку сруши им ги нивните идоли и искрши им ги столбовите.

25. Искажувајте Му почитување на Господа, својот Бог, па ќе ги благословувам твојот леб и твојата вода и ќе ја отстранам болеста од тебе.

26. Во твојата земја ќе нема пометнувачка; Јас ќе го направам полн бројот на твоите денови.

27. Пред тебе ќе го испратам Својот страв; во безредие ќе го фрлам сиот свет, среде кој ќе дојдеш, и ќе направам сите твои непријатели да бегаат пред тебе.

28. Ќе испраќам стршели пред тебе, за да ги истераат пред тебе Евејците, Хананците и Хетејците.

29. Не ќе ги истерам пред тебе за една година, за да не опусти земјата и за да не се намножат дивите животни на твоја штета.

30. Ќе ги терам пред тебе малку по малку додека ти порасте потомството, така што ќе ја заземеш земјата.

31. Ќе ти поставам граница: од Црвеното до Филистејското Море, од пустината па до Реката. Имено, ќе ги предадам жителите на земјата во твоите раце, а ти терај ги пред себе.

32. Не прави завет ни со нив ниту со нивните идоли.

Прочитајте целосна глава Излез (2 Moj.) 23