Стар Завет

Нов Завет

Излез (2 Moj.) 22:28-31 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

28. Не хули го судијата и не пцуј го старешината на својот народ.

29. Не се двоуми со приносите од своето изобилство од гумното и од својот леб! Дај Ми го Мене првенецот од своите синови.

30. Исто направи со своите говеда и со ситниот добиток: нека остане со својата мајка седум денови, а на осмиот ден да Ми го дадеш Мене!

31. Бидете народ што Ми е посветен Мене! Затоа не јадете месо од животни растргани од ѕверови, туку фрлете им го на кучињата!”

Прочитајте целосна глава Излез (2 Moj.) 22