Стар Завет

Нов Завет

Излез (2 Moj.) 14:15-18 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

15. „Зашто викате кон Мене! - му рече Господ на Мојсеја. Речи им на Израелците да тргнат на пат.

16. А ти поткрени го стапот, испружи ја својата рака над морето и раздели го надве, за да можат Израелците да поминат низ морето по суво.

17. Јас ќе го закоравам срцето на Египетците, и тие ќе тргнат по вас, а Јас ќе се прославам тогаш над фараонот и над неговите војници, над неговите коли и коњаници.

18. Нека знаат Египетците дека Јас Сум Господ, кога ќе се прославам над фараонот, над неговите коли и над неговите коњаници.”

Прочитајте целосна глава Излез (2 Moj.) 14