поглавја

  1. 1
  2. 2
  3. 3
  4. 4
  5. 5
  6. 6
  7. 7
  8. 8
  9. 9
  10. 10
  11. 11
  12. 12
  13. 13
  14. 14
  15. 15
  16. 16
  17. 17
  18. 18
  19. 19
  20. 20
  21. 21
  22. 22
  23. 23
  24. 24
  25. 25
  26. 26
  27. 27
  28. 28
  29. 29
  30. 30
  31. 31
  32. 32
  33. 33
  34. 34
  35. 35
  36. 36
  37. 37
  38. 38
  39. 39
  40. 40

Стар Завет

Нов Завет

Излез (2 Moj.) 14 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Господ му рече на Мојсеја:

2. „Речи им на Израелците да се вратат и да се влогорат пред Пи-Аирот, меѓу Мигдол и морето, спроти Вел-Сефон. Настанете се спроти ова место, покрај морето.

3. Фараонот ќе рече: ‘Израелците скитаат низ крајот ваму-таму; пустината ги затвори.’

4. Јас ќе го закоравам срцето на фараонот, и тој ќе тргне во потера по нив. Но Јас ќе се прославам над фараонот и над целата негова војска. Така Египетците ќе сознаат дека Сум Јас Господ.” Израелците сторија така.

5. Кога на египетскиот цар му рекоа дека народот избега, фараонот и неговите дворјани се премислија за народот. „Зошто го сторивме ова! - рекоа - Ги пуштивме Израелците, и веќе нема да ни служат.”

6. Затоа фараонот ја опреми својата кола и ја поведе својата војска.

7. Зеде шест стотини избрани свои коли и други коли од Египет. И во сите беа штитоносци.

8. Господ го закорави срцето на фараонот, египетскиот цар, па тој тргна во потера по Израелците, кои заминаа со издигнати тупаници.

9. И така, Египетците тргнаа во потера по нив. И додека Израелците беа влогорени покрај морето, близу Пи-Аирот, спроти Вел-Сефон, ги стигнаа сите фараонови коњи впрегнати во колите, неговите коњаници и неговата војска.

10. Кога фараонот се приближи, Израелците погледнаа и забележија дека Египетците се во потера по нив, па ги опфати голем страв. И Израелците извикаа кон Господа:

11. „Зар немаше гробови во Египет - му рекоа на Мојсеја - па нè извади да изумреме во пустината? Каква услуга ни направи што нè изведе од Египет!

12. Зар не ти го рековме токму ова во Египет: ‘Пушти нè! Ќе им служиме на Египетците!’ Подобро ни е и ним да им служиме отколку да загинеме во пустината.”

13. „Не бојте се! - му рече Мојсеј на народот. Стојте цврсто и ќе видите што ќе стори Господ, за да ве спаси денес: Египетците што ги гледате денес, никогаш веќе не ќе ги видите.

14. Господ ќе се бори за вас. Бидете мирни!”

15. „Зашто викате кон Мене! - му рече Господ на Мојсеја. Речи им на Израелците да тргнат на пат.

16. А ти поткрени го стапот, испружи ја својата рака над морето и раздели го надве, за да можат Израелците да поминат низ морето по суво.

17. Јас ќе го закоравам срцето на Египетците, и тие ќе тргнат по вас, а Јас ќе се прославам тогаш над фараонот и над неговите војници, над неговите коли и коњаници.

18. Нека знаат Египетците дека Јас Сум Господ, кога ќе се прославам над фараонот, над неговите коли и над неговите коњаници.”

19. Божјиот Ангел, кој одеше на чело на израелските чети, го смени местото и им застана зад плеќите. А и облачниот столб се помести од пред нив и им застана зад плеќите.

20. Се смести меѓу египетската војска и израелската војска и им стана на оние темен облак, а на овие им ја осветлуваше ноќта, така што не можеа да им се приближат едни на другите цела ноќ.

21. Мојсеј ја држеше раката протегната над морето, додека Господ, цела ноќ, ги валаше водите со силен источен ветер и го пресуши морето. Кога водите се раздвоија,

22. Израелците слегоа во морето на исушеното дно, а водите стоеја како прегради оддесно и одлево.

23. Египетците: сите фараонови коњи, колите и коњаниците, навлегоа по нив во морето, во потера.

24. При утринската стража, Господ погледна од огнениот и облачниот столб на египетската војска и создаде смут во неа.

25. Ги закочи тркалата на нивните коли, така што едвај се движеа напред. „Да бегаме од Израелците! - извикаа Египетците - зашто Господ се бори за нив против Египетците!” Тогаш Господ му рече на Мојсеја:

26. „Протегни ја раката над морето, за да се вратат водите врз Египетците, врз нивните коли и коњаници.”

27. Мојсеј ја испружи раката над морето, и во самите мугри морето се врати во своето корито. Бидејќи Египетците, бегајќи, трчаа кон морето, Господ ги фрли главечки среде водите.

28. Така водите, слевајќи се назад, ги потопија колите, коњаниците, и целата фараонова војска, што беше тргнала во потера по Израелците во морето. И не остана ниту еден од нив.

29. А Израелците одеа по суво среде морето, водата им стоеше како ѕид оддесно и одлево.

30. Така Господ, во оној ден, го избави Израел од египетските раце, и Израел ги виде Египетците мртви на морскиот брег.

31. Израел ја виде големата сила што Господ ја покажа над Египетците. Народот се исплаши од Господа, и им поверува на Господа и на неговиот слуга Мојсеј.