Стар Завет

Нов Завет

Исус Навин 5:9-12 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

9. Тогаш Господ му рече на Исуса: „Денес го симнав од вас египетскиот срам.” И она место се нарече Галгал сè до наши дни.

10. И така Израелците се настанија во Галгал и таму во Ерихонските Полиња ја прославија Пасхата на четиринаесеттиот ден во месецот, навечер.

11. А утреден по Пасхата, поправо во тој ден јадеа од родот на онаа земја: бесквасни лебови и пржени зрна.

12. И маната прекрати штом почнаа да ги јадат плодовите на земјата. Така Израелците веќе немаа мана, туку се хранеа таа година со плодовите на Ханаанската Земја.

Прочитајте целосна глава Исус Навин 5