Стар Завет

Нов Завет

Исус Навин 20:4-6 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

4. Ако убиец избега во некој од тие градови, нека застане пред градската врата и нека им ја изнесе на старешините на тој град својата работа. Тие нека го примат во својот град и нека му одредат место каде ќе престојува меѓу нив.

5. Ако крвниот осветник го гони, не смеат да го предадат убиецот во неговите раце: та на несакање го убил својот ближен, а не од омраза.

6. Убиецот нека остане во тој град сè додека не стапи пред судот на заедницата или до смртта на големиот свештеник, кој ќе биде во она време. Тогаш убиецот нека се врати и нека отиде во својот град и во својот дом - во градот од кој пребегна.’”

Прочитајте целосна глава Исус Навин 20