поглавја

  1. 1
  2. 2
  3. 3
  4. 4
  5. 5
  6. 6
  7. 7
  8. 8
  9. 9
  10. 10
  11. 11
  12. 12
  13. 13
  14. 14
  15. 15
  16. 16
  17. 17
  18. 18
  19. 19
  20. 20
  21. 21
  22. 22
  23. 23
  24. 24

Стар Завет

Нов Завет

Исус Навин 20 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Господ му рече на Исуса:

2. ”Кажи им на Израелевите синови и речи им: ‘Одредете си за себе градови - засолништа за кои што ви зборував преку Мојсеја,

3. за да би таму можел да избега убиец кој ќе убие некого од несакање, и за да ви бидат засолништа од крвниот одмазник.

4. Ако убиец избега во некој од тие градови, нека застане пред градската врата и нека им ја изнесе на старешините на тој град својата работа. Тие нека го примат во својот град и нека му одредат место каде ќе престојува меѓу нив.

5. Ако крвниот осветник го гони, не смеат да го предадат убиецот во неговите раце: та на несакање го убил својот ближен, а не од омраза.

6. Убиецот нека остане во тој град сè додека не стапи пред судот на заедницата или до смртта на големиот свештеник, кој ќе биде во она време. Тогаш убиецот нека се врати и нека отиде во својот град и во својот дом - во градот од кој пребегна.’”

7. И ги посветија Кадес во Галилеја, во Нефталимовата Гора; Сихем во Ефремовата Гора; Киријат-Арва, односно Хеврон во Јудината Гора,

8. оттаде Јордан, источно од Ерихон, ги одредија Восор во пустината, во рамницата на Рувимовото племе, и Рамот во Галад од Гадовото племе, и Голан во Васон од Манасиевото племе.

9. Тоа беа градовите определени за сите Израелци и придојденици, кои престојуваат меѓу нив: ваму можеше да избега секој, кој ќе убиеше неволно друг, та да не загине самиот од осветничка рака додека не излезе на суд, пред заедницата.