Стар Завет

Нов Завет

Исус Навин 12:2-13 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

2. Сион, аморејски цар, кој престолуваше во Есевон; неговото царство се тегнеше од Ароир, што лежи на работ на долината на потокот Арнон, по средината на долината и половина од Галад па до потокот Јавок, каде што граничеше со Амонците;

3. и на исток му беше Араба до Кинеретското Море од една страна и сè до Арабјанското или Соленото Море кон Вет-Симот; и натаму кон југ до подножјето на Фасга.

4. Со него граничеше Ог, васански цар, еден од последните Рафаинци; престолуваше во Астарот и Едраин.

5. А владееше со гората Ермон и Салх, со целиот Васан сè до гесурската и махатската меѓа, па со другата половина од Галад сè до границата на Сион, есевонскиот цар.

6. Мојсеј, Господовиот слуга, и Израелевите синови сите ги погубија, и Мојсеј, Господовиот слуга, им ја предаде таа земја во сопственост на Рувимовото племе и Гадовото племе и на половината Манасиево племе.

7. А ова се земните цареви што беа победени од Исуса и од Израелевите синови од оваа страна на Јордан кон запад, од Вал Гад во Ливанската Рамница па до гората Алак, што се издига кон Сир, а таа земја Исус им ја даде во наследство на Израелевите племиња според нивните делови,

8. во Горјето, во Шефел, во Араба и по стрмнините, во Пустината па во Негев: земјата хетејска, аморејска и ханаанска, ферезејска, евејска и евусејска

9. ерихонскиот цар, еден, царот на Гај кај Ветил, еден:

10. ерусалимскиот цар, еден; хевронскиот цар, еден;

11. јармутскиот цар, еден; лахискиот цар, еден;

12. еглонскиот цар, еден: гезерскиот цар, еден;

13. давирскиот цар, еден; гадерскиот цар, еден,

Прочитајте целосна глава Исус Навин 12