поглавја

  1. 1
  2. 2
  3. 3
  4. 4
  5. 5
  6. 6
  7. 7
  8. 8
  9. 9
  10. 10
  11. 11
  12. 12
  13. 13
  14. 14
  15. 15
  16. 16
  17. 17
  18. 18
  19. 19
  20. 20
  21. 21
  22. 22
  23. 23
  24. 24

Стар Завет

Нов Завет

Исус Навин 12 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Овие се земните цареви што Израелците ги победија и ја освоија нивната земја од онаа страна на Јордан кон исток, од потокот Арнон до гората Ермон, со сета Араба на исток:

2. Сион, аморејски цар, кој престолуваше во Есевон; неговото царство се тегнеше од Ароир, што лежи на работ на долината на потокот Арнон, по средината на долината и половина од Галад па до потокот Јавок, каде што граничеше со Амонците;

3. и на исток му беше Араба до Кинеретското Море од една страна и сè до Арабјанското или Соленото Море кон Вет-Симот; и натаму кон југ до подножјето на Фасга.

4. Со него граничеше Ог, васански цар, еден од последните Рафаинци; престолуваше во Астарот и Едраин.

5. А владееше со гората Ермон и Салх, со целиот Васан сè до гесурската и махатската меѓа, па со другата половина од Галад сè до границата на Сион, есевонскиот цар.

6. Мојсеј, Господовиот слуга, и Израелевите синови сите ги погубија, и Мојсеј, Господовиот слуга, им ја предаде таа земја во сопственост на Рувимовото племе и Гадовото племе и на половината Манасиево племе.

7. А ова се земните цареви што беа победени од Исуса и од Израелевите синови од оваа страна на Јордан кон запад, од Вал Гад во Ливанската Рамница па до гората Алак, што се издига кон Сир, а таа земја Исус им ја даде во наследство на Израелевите племиња според нивните делови,

8. во Горјето, во Шефел, во Араба и по стрмнините, во Пустината па во Негев: земјата хетејска, аморејска и ханаанска, ферезејска, евејска и евусејска

9. ерихонскиот цар, еден, царот на Гај кај Ветил, еден:

10. ерусалимскиот цар, еден; хевронскиот цар, еден;

11. јармутскиот цар, еден; лахискиот цар, еден;

12. еглонскиот цар, еден: гезерскиот цар, еден;

13. давирскиот цар, еден; гадерскиот цар, еден,

14. орамскиот цар, еден; арадскиот цар, еден;

15. царот на Ливна, еден; одоламскиот цар, еден;

16. макидскиот цар, еден; ветилскиот цар, еден;

17. царот на Тапујците, еден; еферскиот цар, еден;

18. афечкиот цар, еден; саронскиот цар, еден;

19. мадонскиот цар, еден; асорскиот цар, еден;

20. симрон-меронскиот цар, еден; ахсавскиот цар, еден;

21. танашкиот цар, еден; мегидскиот цар, еден;

22. кедескиот цар, еден; јокнаемскиот цар, кај Кармел, еден;

23. дорскиот цар во Дорската Покраина, еден; гоимскиот цар во Галгал, еден;

24. тераскиот цар, еден. Вкупно триесет и еден цар.