Стар Завет

Нов Завет

Исаија 62:4-10 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

4. Не ќе те наречуваат веќе Оставена, ни твојата земја Запустена, туку ќе те викаат Моја Милина, а твојата земја -Венчана, зашто ти си Господова милозливост, и твојата земја ќе има сопруг.

5. Како што младецот се жени со девица, така синовите ќе се оженат за тебе, и како што младоженецот и се радува на невестата, твојот Бог ќе ти се радува тебе.

6. Ерусалиме, на твоите ѕидови поставив стражари: ни дење ни ноќе не смеат да замолчат. О вие кои Го споменувате Господа, нема почивка за вас!

7. И не му давајте мир додека не го обнови Ерусалим, додека пак не го направи славен на земјата.

8. Господ се заколна во десницата и во својата силна мишка: „Нема веќе да го дадам твоето жито за храна на непријателите. Нема веќе туѓинците да го пијат твоето вино за кое се трудеше.

9. Нека го јадат оние што го жниеја, и нека Го фалат Господа, нека го пијат, оние што го береа, во дворот на Моето Светилиште!”

10. Поминете, поминете низ вратата, израмнете му го патот на народот. Насипете го, насипете го патот, отстранете ги камењата од него, подигнете им знаме на народите!

Прочитајте целосна глава Исаија 62