Стар Завет

Нов Завет

Исаија 6:4-7 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

4. Од грмливите гласови на оние кои воскликнуваа се стресоа довратниците на праговите, а Домот се исполни со дим.

5. Реков: „Тешко мене, пропаднав, зашто сум човек со нечисти усни, живеам во народ со нечисти усни, а моите очи Го видоа Царот, Господ над Војските!”

6. Еден од серафимите долета кон мене: во рацете имаше жар што го зеде со клешти од жртвеникот;

7. се допре со неа до мојата уста и рече: „Еве, ги допре твоите усни, вината ти е симната и гревот очистен.”

Прочитајте целосна глава Исаија 6