Стар Завет

Нов Завет

Исаија 54:9-17 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

9. Ќе ми биде како за време на Ноевите денови, кога се заколнав дека Ноевите води нема да ја преплават веќе земјата; така се заколнувам дека веќе нема да се срдам на тебе ниту ќе ти се заканувам.

10. Нека се раздвижат планините и нека се потресат бреговите, но Мојата љубов нема да се повлече од тебе, ниту ќе се расколеба Мојот Завет на мирот,” вели Господ Кој ти се смилува.

11. „О неволнице, виорена од виор, неутешлива, ете, ќе ги поставам врз смарагд твоите камења и врз сапфир твоите основи.

12. Ќе ги направам од рубин твоите стражарници, твојата врата од проѕирен бесценет камен, твоите огради од скапоцен камен.

13. Сите Господови синови ќе ти бидат ученици, и голема ќе биде среќата на твоите деца.

14. Ќе бидеш основана на правда. Отфрли ја тешкотијата, нема од што да се боиш, отфрли го стравот, зашто нема да ти се доближи.

15. Ако те нападне, нема да дојде од Мене; кој ќе се дигне против тебе, заради тебе ќе падне.

16. Ете, Јас го создадов ковачот кој ја разгорува жарта и вади од неа орудие за да го кове. Но го создадов и уништувачот за да уништува.

17. Не ќе успее оружјето исковано против тебе. Ќе докажеш дека е зол секој јазик што ќе се подигне против тебе на суд. Тоа е наследство на Господовите слуги, тоа им е победа од Мене” - слово е Господово.

Прочитајте целосна глава Исаија 54