Стар Завет

Нов Завет

Исаија 22:1-7 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Пророштво за Долината на Видението. Што ти е да се искачуваш цел на покривите,

2. граде полн со врева, бучен граде, разигран граде? Твоите истепани не паднаа од меч, ниту твоите мртви паднаа во бој;

3. сите твои главатари побегнаа заедно, паднаа во ропство не оптегнувајќи лак. Заробени се сите твои кнезови, напразно избегаа далеку.

4. Затоа велам: „Оставете ме, ќе заплачам горко; не ме утешувајте заради уништувањето на Ќерката на Мојот народ.”

5. Зашто ова е ден на метеж и на угнетување од Господа, од Господа над Војските. Во Долината на Видението се руши ѕид, извик за помош се крева во планините.

6. Елам го зема тулот, Арам јава коњ, а Кир го открива штитот.

7. Твоите красни долини полни се со бојни коли, коњаниците се наредија пред вратата.

Прочитајте целосна глава Исаија 22