Стар Завет

Нов Завет

Исаија 19:10-22 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

10. Ткајачите ќе се нажалат, работниците ќе се растажат.

11. Соанските кнезови се вистински безумници, мудрите фараонови советници советуваат неосновано; како се осмелувате да му речете на фараонот: „Ученик сум на мудреците, ученик на древните цареви?”

12. Па каде се твоите мудреци? Нека ти соопштат и нека ти откријат што намисли Господ над Воинствата со Египет.

13. Соанските кнезови се луди, мемфиските кнезови се измамени, тие го заведуваат Египет, главатарите на неговите племиња.

14. Господ влеа во нив зашеметен дух, па го заведуваат Египет во секое негово дејство, за да тетерави како пијаница кога блува.

15. Во Египет не ќе може веќе да успее ништо од она што го прават главата и опашката, палмата и трската.

16. Во оној ден Египетците ќе станат како жени, ќе треперат и ќе се бојат од замавнувањето на раката на Господа над Воинствата, со која ќе замавне врз нив.

17. Јудината Земја ќе биде ужас за Египет; кога ќе си спомни за неа, ќе го опфати страв заради она што Господ над Војските намисли против него.

18. Во оној ден, во Египетската Земја, пет градови што зборуваат на ханаански јазик ќе Му се заколнат на Господа над Воинствата; еден од нив ќе се вика Ахерес.

19. Во оној ден Господовиот жртвеник ќе биде среде Египетската Земја и столбот посветен на Господа близу до неговата граница.

20. Тоа ќе биде знак на Господа над Воинствата и сведоштво во Египетската Земја. Кога ќе Го повикаат Господа против угнетувачите, Тој ќе им испрати спасител и водач за да ги избави.

21. И ќе им се објави Господ на Египетците, и во оној ден Египетците ќе Го познаат Господа; ќе Му служат со жртви и приноси, ќе се заветуваат и ќе ги извршуваат заветите.

22. Господ ќе ги удри тешко Египетците, ама ќе ги излечи.

Прочитајте целосна глава Исаија 19