Стар Завет

Нов Завет

Исаија 16:9-14 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

9. Затоа плачам за сивамското лозје како што плаче Јазир, јас те залевам со солзи, Есевон и Елеал! Зашто во времето на твојот гроздобер и на твојата жетва, нема веќе шумна радост,

10. ги снема од плодоносното поле веселбата и радоста. Во лозјата не се пее весело, не се воскликнува од радост; не се гнече грозјето во садовите молкна подвикувањето.

11. Затоа мојата утроба за Моав трепери како харфа, а моите гради за Кир-Ерес.

12. Напразно се покажува Моав, се изморува на високите места, доаѓајќи во светилиштето за да се моли: ништо не ќе постигне.

13. Ова е словото што некогаш Господ го рече против Моав.

14. А сега Господ зборува вака: „За три години, наемнички години, Моавовата слава, со сето негово големо мноштво, ќе потемни, а што ќе остане од неа, ќе биде малечко, слабо и немоќно.”

Прочитајте целосна глава Исаија 16