Стар Завет

Нов Завет

Исаија 16:1-4 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Праќајте му јагниња на владетелот на земјата, од Стената кон пустината до гората на Сионската Ќерка.

2. Како разбегани птици, како растурено гнездо, ќе биде моавската ќерка при Арнонските Бродови.

3. Дај ни совет, донеси одлука! Среде пладне распрости ја својата сенка како ноќ. Засолни ги протераните, не предавај ги бегалците.

4. Остави ги протераните да престојуваат при Тебе, Моаве, биди им закрила пред разурнувачот. Кога ќе докрајчи измачувачот, кога ќе го снема опустувачот, кога ќе исчезне угнетувачот од земјата,

Прочитајте целосна глава Исаија 16