Стар Завет

Нов Завет

Исаија 1:1-4 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Видение на Исаија, синот Амосов, што го имаше за Јудеја и за Ерусалим, во деновите на Озиј, Јоатан, Ахав и Езекија, јудејски цареви.

2. Чујте, небеса, послушај, земјо, зашто говори Господ: „Ти ги воспитав, ги подигнав, синовите, ама тие се одметнаа од Мене.

3. Волот го познава својот сопственик, а оселот јаслите на господарот - Израел не познава, Мојот народ не разбира.”

4. Ох, грешен ли народ, луѓе загазени во зло, злосторнички род, расипани синови! Го оставија Господа, Го презреа Израелевиот Светец, Нему Му ги свртија плеќите.

Прочитајте целосна глава Исаија 1