Стар Завет

Нов Завет

Езекиел 48:17-35 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

17. А чистината околу градот: двеста и педесет лакти кон север, двеста и педесет кон југ, двеста и педесет кон исток, двеста и педесет кон запад.

18. Што ќе остане во должина, вдолж на светото подрачје - десет илјади лакти кон исток и десет илјади кон запад, вдолж на светото подрачје - тоа нека биде за издржување на оние кои му служат на градот.

19. Тие што му служат на градот ќе се земат од сите Израелеви племиња.

20. И така, сето задржано подрачје - дваесет и пет илјади лакти по дваесет и пет илјади лакти, во четириаголник - ќе Му го принесете на Господа: и светото подрачје и градскиот имот.

21. На кнезот му припаѓа што ќе остане: од обете страни на светото подрачје и на градскиот имот - кон исток дваесет и пет илјади лакти, кон источната страна, и кон запад дваесет и пет илјади лакти, кон западната страна, наспоредно со другите подрачја - сè тоа е за кнезот. А во средината е светото подрачје и Светилиштето на Домот.

22. Од левитскиот имот и од градскиот имот што е во средината, му припаѓа на кнезот; и меѓу Јудиното и Венијаминовото подрачје: и тоа е на кнезот.

23. Другите племиња: од исток до запад - Венијаминов дел.

24. Покрај Венијаминовото подрачје, од исток до запад - Симеоновиот дел.

25. Покрај Симеоновото подрачје, од исток до запад - Исахаровиот дел.

26. Покрај Исахаровото подрачје, од исток до запад - Завулоновиот дел.

27. Покрај Завулоновото подрачје, од исток до запад - Гадовиот дел.

28. Покрај Гадовото подрачје, на јужната страна, кон југ, границата оди од Тамара до Меривските Води и до Кадис, па до потокот кон Големото Море.

29. Тоа е земјата што ќе им ја поделите со жрепка во наследство на Израелевите племиња, тоа се нивните делови” - говори Господ Бог.

30. И еве ги излезите на градот: на северната страна - четири илјади и пет стотини лакти.

31. Градските врати ќе бидат наречени според имињата на Израелевите племиња. Три врати кон север: Рувимовата Врата, Јудината Врата, Левиевата Врата.

32. Кон источната страна - четири илјади и пет стотини лакти - три врати: Јосифовата Врата, Венијаминовата Врата, Дановата Врата.

33. Кон јужната страна - четири илјади и пет стотини лакти - три врати: Симеоновата Врата, Исахаровата Врата, Завулоновата Врата.

34. Кон западната страна: четири илјади и пет стотини лакти - три врати: Гадовата Врата, Асировата Врата, Нефталимовата Врата.

35. Сè наоколу: осумнаесет илјади лакти. А името на градот ќе му биде: „Јахве Шама” („Господ Е Таму”).

Прочитајте целосна глава Езекиел 48