10. Мерете со права мерка: со права ефа и со ват.
11. Ефата и ватот нека опфаќаат еднаков обем; ватот нека изнесува десет хомери и ефата десет хомери - мерата нека им биде според хомерот.
12. Шекелот нека биде дваесет гера; мината нека ви биде: дваесет шекели, дваесет и пет шекели, и петнаесет шекели.
13. Ова е приносот што ќе го принесувате: шестина ефа од секој хомер пченица, и шестина ефа од секој хомер јачмен.
14. А ова е уредбата за маслото: десетина ват од секој кор - десет вата е еден хомер, и десет вата е еден кор.
15. Од секое стадо од двеста овци од сочните Израелеви пасишта по една овца за жртва приносница, паленица и благодарница - вам за помирување - говори Господ Бог.
16. Сиот народ на земјата му го должи овој принос на Израелевиот кнез.
17. А кнезот е должен да дава жртви паленици, лебни приноси и налевници за празници и за млади месечини, за саботи и за сите прослави на Израелевиот дом: тој нека принесува жртва за грев, лебен принос и благодарница за покривање на гревот на Израелевиот дом.”
18. Господ Бог зборува вака: „Во првиот месец, во првиот ден во месецот, земи јунче без недостаток и да го очистиш со него Светилиштето.
19. Свештеникот нека земе крв од жртвата за грев и нека со неа ги намачка довратниците на Домот и сите четири агли на жртвеничкиот појас и довратниците на вратата на внатрешниот двор.
20. Така нека направи и во седмиот ден на истиот месец за секој кој згрешил од слабост и од незнаење. Така ќе го довршите очистувањето на Домот
21. Во првиот месец, во четиринаесеттиот ден на месецот, празнувајте ја Пасхата, седмодневен празник, кога се јадат бесквасните лебови.