Стар Завет

Нов Завет

Езекиел 41:6-19 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

6. Страничните простории беа една над друга, беа триесет на три ката. Во храмскиот ѕид беа сè наоколу, засеци, за да ги прифатат страничните простории. Така тие не беа вградени во храмскиот ѕид.

7. Широчината на просториите се зголемуваше од кат до кат, зашто тие се наоколу на катови, го опкружуваа Храмот, а Храмот, одејќи нагоре, оставаше сè поширок простор. Од најдолниот кат се одеше нагоре до најгорниот низ средниот.

8. Тогаш видов сè околу Храмот некаква височина. Основите на страничните простории: цела трска, шест лакти.

9. Дебелината на надворешниот ѕид на страничните соби: пет лакти. Преминот меѓу страничните простории на Храмот

10. и собите беше сè наоколу Храмот, дваесет лакти широк.

11. Од страничните простории излегуваа за премин една врата кон север и една кон југ. Преминот беше широк пет лакти секаде наоколу.

12. Зградата што го затворуваше заградениот простор од запад беше широка седумдесет лакти, а ѕидот на таа градба секаде наоколу беше дебел пет лакти и долг деведесет лакти.

13. Тој го измери Храмот: беше долг сто лакти. Заградениот простор неговото здание и ѕидовите, долги сто лакти.

14. Широчината на челото на Храмот со заградениот простор кон исток: сто лакти.

15. Тој ја измери должината на зданието вдолж заградениот простор што беше одназад и ходниците од едната и од другата страна: сто лакти.

16. Внатрешноста на Храмот, тремовите на дворот, праговите, прозорците со решетките и ходниците на сите три страни наоколу, спроти праговите, беа сè наоколу обложени со дрво од земјата до прозорците. Прозорците беа покриени.

17. Од влезот сè до внатрешноста на Храмот, а така и однадвор, сè по целиот ѕид наоколу, одвнатре и однадвор,

18. беа ликови на херуви и палми. По една палма меѓу два херува, а секој херув имаше две лица:

19. кон палмата од едната страна човечко лице, а кон палмата од другата страна лавско лице. Така беше по сиот Храм сè наоколу:

Прочитајте целосна глава Езекиел 41