12. Трудот ќе биде тежок! Но големата ‘рѓа не може да се симне од него: му одолеа и на огнот.
13. Срамен е твојот грев, ама ни ти не сакаше да се очистиш од гревот; и затоа веќе не ќе се очистиш додека не го излеам врз тебе Својот гнев!
14. Јас, Господ реков! И ќе го исполнам зборот; нема да сменам: И нема да се поштедам, ниту ќе се помилувам! Ќе те судам според твоите патишта и дела - говори Господ Бог.’”
15. И ми дојде Господово слово:
16. ”Човечки сине, еве, ќе ти ја одземам со ненадејна смрт желбата на твоите очи! Не тагувај, не плачи и не рони солзи!
17. Липај тивко, но не жали како што се жали за мртвите! И завиткај повез околу главата, а обуј обувки на нозете. Не покривај ја брадата и не јади погачи за жалост.”
18. Така му пророкував на народот, а навечер ми умре жената, та утреден направив како што ми беше заповедано.
19. На тоа народот ме праша: „Не ќе ни кажеш ли што значи за нас тоа што го правиш?”
20. Јас им одговорив: „Ми дојде Господово слово:
21. ’Кажи му на Израелевиот дом: „Господ Бог зборува вака: Еве, ќе го предадам на онечистување Моето Светилиште, гордоста на вашата сила радоста на вашите очи и копнежот на вашата душа! И синовите и ќерките што ги оставивте, ќе паднат од меч.
22. Тогаш ќе направите како што направив и Јас: не ќе ги покривате брадите и не ќе јадете погачи за жалост!
23. Ќе завиткате повез околу главата и ќе обуете обувки на нозете! И не ќе тажете веќе и не ќе плачете, туку ќе пропаѓате заради своите гревови и ќе липате еден пред друг!
24. А Езекиел ќе ви биде знак, ќе направите сè што направи тој. Кога ќе се збидне тоа, ќе сознаете дека Јас Сум Господ!’”
25. А ти, човечки сине, навистина во денот кога ќе им ја одземам силата на нивната славна радост, татковската им радост, сласта на нивната душа, нивните синови и ќерки -
26. во тој ден кај тебе ќе стигне бегалец за да ти соопшти тоа!