Стар Завет

Нов Завет

Езекиел 24:1-12 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Во деветтата година, во десетиот месец, во десетиот ден, ми дојде Господово слово:

2. ”Човечки сине, запиши го овој ден: токму денес вавилонскиот цар го опсадува Ерусалим.

3. Раскажи му приказна на одметничкиот дом. Речи им: ‘Господ Бог зборува вака: „Стави котел, стави, и налеј вода во него!

4. Фрли делови во него; сè најдобри делови месо, бедро и плеќи! Наполни го со најдобри коски!

5. Земи го најдоброто од стадото. Запали оган под котелот, нека зоврие добро, нека се сварат во него и коските.”

6. Зашто Господ Бог зборува вака: „Тешко му на крвничкиот град, за’рѓан котел, од кого не се симнува рѓата! А потоа вади од него дел по дел, но не фрлај жрепка за него!

7. Зашто неговата крв е во него - остави ја на гол камен, не разлевај ја по земјата каде што правот би можел да ја покрие!

8. За да се распали Мојот гнев, за да му се одмаздам, ја оставив неговата крв на гол камен за да не се покрие.”

9. Затоа Господ Бог зборува вака: „Горко му на крвничкиот град, зашто ќе запалам голема клада!

10. Собери дрва, потпали оган, свари месо, замешај зачини, нека изгорат и коските!

11. А потоа стави го празен врз жарта за да се нажеже котелот и за да се растопи сета негова нечистота, за да се уништи ‘рѓата врз него!

12. Трудот ќе биде тежок! Но големата ‘рѓа не може да се симне од него: му одолеа и на огнот.

Прочитајте целосна глава Езекиел 24