Стар Завет

Нов Завет

Езекиел 21:11-22 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

11. Светнат за да го прифати рака, наострен меч, светнат, за да се стави во раката на убиецот.’

12. А ти, човечки сине, плачи, тажи! Зашто еве, мечот е веќе извлечен против Мојот народ, меч против Израелевите кнезови: сите тие со Мојот народ му се предадени на мечот! Затоа удри се во слабините.

13. Искушението дојде, и веќе не ќе има отфрлен жезал - говори Господ Бог.

14. А ти човечки сине, пророкувај и плескај со рацете. Нека се удвои, нека се утрои, тој меч на колеж, меч на голем колеж што ги опкружува отсекаде.

15. За да затреперат срцата, за да бидат неброени жртви, поставив меч на секоја врата, подготвен како молња да светка, наострен за колежи.

16. Назад! Десно! Напред! Лево!

17. И Јас ќе плескам со рацете, ќе го излеам Својот гнев врз нив Јас, Господ, реков!”

18. И ми дојде Господово слово:

19. ”Човечки сине, зацртај два пата каде да тргне мечот на вавилонскиот цар. Двата пата нека излегуваат од иста земја! На раскрсницата на патот кон градот остави патоказ.

20. Зацртај му на мечот пат за да дојде во Рава Бе-Амон и во Јудеја, во утврдениот Ерусалим.

21. Зашто вавилонскиот цар стои на почетокот на патот, на двата пата, и ги прашува знаците - ги меша волшебните стрели, ги распрашува идолите и гледа во црн дроб.

22. Знаците во десницата му велат: на Ерусалим; за да намести таму ѕидокршачи, да нареди колеж, да подигне ѕидокршачи против вратите, да насипе насип и да изгради опсадни стражарници.

Прочитајте целосна глава Езекиел 21