Стар Завет

Нов Завет

Езекиел 21:1-13 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. И ми дојде Господовото слово:

2. ”Човечки сине, сврти го лицето кон Ерусалим и произнеси беседа против неговото Светилиште, и пророкувај против Израелевата Земја.

3. Речи и на Израелевата Земја: ‘Господ Бог зборува вака: „Еве Ме против тебе! Ќе го истргам мечот од ножницата, ќе ги истребам од тебе сите, и праведните и безбожните.

4. За да ги истребам од тебе праведникот и безбожникот, еве ќе го извлечам мечот од ножницата против секое тело, од север до југ.

5. И секое тело ќе сознае дека Јас, Господ, го истргав Својот меч од ножницата и дека никогаш веќе не ќе го вратам!”‘

6. А ти, човечки сине, воздивнувај како да ти се искршени сите ребра, воздивнувај горко, пред нивните очи!

7. Ако ли те прашаат: ‘Што лелекаш толку?’ Речи им: ‘Заради веста што пристигна, од која ќе премрат сите срца и ќе се обесилат сите раце, секој дух ќе биде нерасположен и секое колено ќе трепери. Еве, доаѓа, веќе е тука!’ Така зборува Господ.”

8. И ми дојде Господово слово:

9. ”Човечки сине, пророкувај: ‘Вака зборува Господ Бог. Речи: ‘Меч! Меч! Наострен и светнат!

10. Наострен за колеж, светнат за да светка.

11. Светнат за да го прифати рака, наострен меч, светнат, за да се стави во раката на убиецот.’

12. А ти, човечки сине, плачи, тажи! Зашто еве, мечот е веќе извлечен против Мојот народ, меч против Израелевите кнезови: сите тие со Мојот народ му се предадени на мечот! Затоа удри се во слабините.

13. Искушението дојде, и веќе не ќе има отфрлен жезал - говори Господ Бог.

Прочитајте целосна глава Езекиел 21