Стар Завет

Нов Завет

Езекиел 1:3-7 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

3. Господовото слово му дојде на Езекиел, синот Вузиев, свештеник во Халдејската Земја, при реката Хевар. Господовата рака се спушти врз мене.

4. Погледав, кога ете од север удри силен виор, голем облак, пламнат оган обвиткан со сјај; среде него, среде огнот, нешто слично на сјајна ковина.

5. Среде тоа нешто како четири суштества по облик слични на човек;

6. секое од нив со четири лица, во секое четири крила.

7. Нозете им беа рамни, а стапалата како кај теле; светкаа како блескава бронза.

Прочитајте целосна глава Езекиел 1