Стар Завет

Нов Завет

Ездра 8:1-4 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Тогаш сиот народ се собра како еден човек на ширината што е пред Водната Врата. Му рекоа на книжевникот Ездра да го донесе свитокот на Мојсеевиот Закон што Господ му го даде на Израел.

2. И во првиот ден на седмиот месец свештеникот Ездра го донесе Законот пред собирот на мажите, жените и на сите, кои беа способни да го разберат.

3. На плоштадот што е пред Водната Врата, почна да го чита свитокот, од раното утро до пладне, пред мажите и жените и пред оние, кои беа зрели. Сиот народ го слушаше покорно свитокот на Законот.

4. Книжевникот Ездра стоеше на дрвена говорница, што ја подигнаа за таа прилика. Покрај него стоеја: од десната страна Мататиј, Сема, Анај, Уриј, Хелкији Масиј, а од левата страна: Федај, Мисаил, Малхиј, Асум, Асвадон,Захариј и Месулам.

Прочитајте целосна глава Ездра 8