Стар Завет

Нов Завет

Ездра 6:13-19 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

13. за да постапам онака, исплашен, та да згрешам. Тоа ќе им послужеше да ме озлогласат и да ми се потсмеваат!

14. Спомни си, Боже мој, за Товиј и за Санавалат според овие нивни дела, а и за пророчицата Ноадија и за другите пророци, што сакаа да ме исплашат.

15. Ѕидот беше завршен на дваесет и петтиот ден на Елул, за педесет и два дена.

16. А кога чуја сите наши непријатели и видоа сите многубошци околу нас, тоа беше чудо во нивните очи, зашто сфатија дека нашиот Бог го направи тоа дело.

17. А во оние денови многу еврејски големци често му праќаа свои писма на Товиј, и примаа многу од Товиј.

18. Зашто мнозина во Јудеја беа поврзани со заклетва со него: та беше во роднинство со Сеханиј, синот Арахов, и со неговиот син Јоанан, кој ја зеде за жена ќерката на Месулам, синот Варахиев.

19. И ги величаа пред мене неговите дела, а нему му ги пренесуваа моите зборови. Затоа Товиј и испраќаше писма да ме исплаши.

Прочитајте целосна глава Ездра 6