Стар Завет

Нов Завет

Ездра 6:1-8 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Кога Санавалат, Товиј, Арабјанецот Гисем и другите наши непријатели чуле дека го обновив ѕидот и дека не остана пролом во него - имено до тоа време не ги имав наместено крилата на вратите -

2. Санавалат и Гисем ми порачаа: „Дојди да се состанеме во Кефир, во Ононската Долина.” Но тие ми мислеа зло.

3. Затоа им испратив гласници со овој одговор: „Зафатен сум со голема работа и не можам да слезам: работата ќе заостане ако ја оставам, за да дојдам кај вас!”

4. Четири пати ми го праќаа истиот повик, и јас им го давав истиот одговор.

5. Тогаш, петти пат, со иста намера, Санавалат ми го испрати својот слуга со отворено писмо.

6. Во него пишуваше: „Се слуша во народот - а Гасмуј потврдува - дека ти и Јудејците се подготвувате за бунт; затоа и го градиш ѕидот, и дека сакаш да станеш нивни цар, како што велат.

7. И дека си поставил пророци за да го разгласат твојот успех во Ерусалим и да речат: ‘Јудеја има цар!’ Сега тие гласови ќе стигнат до ушите на царот: затоа дојди за да се посоветуваме.”

8. Но јас му одговорив: „Ништо не е така како што тврдиш; сето тоа е само измислица на твоето срце.”

Прочитајте целосна глава Ездра 6