Стар Завет

Нов Завет

Ездра 3:8-17 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

8. А до нив поправаше Узил, Арахевиот син, златар, а до него поправаше Ананиј, еден од билјарите; тие го утврдија Ерусалим сè до Широкиот Ѕид.

9. До нив поправаше Рефај, Оровиот син, главатар на половина ерусалимски округ.

10. А до него поправаше Едај, Арумафовиот син, пред својата куќа; а до него поправаше Хатус, Асаниевиот син.

11. Малхиј, синот Харимов, и Асув, синот Фат-Моавов, поправаа сè до Пекќината Стражарница.

12. А до нив поправаше Салум, синот Лоисов, главатар на половина ерусалимски округ, тој и неговите ќерки.

13. Долинската Врата ја поправаа Анун и жителите на Заноја: ги изградија, ги зацврстија крилата, клучалките и лостовите, и поставија илјада лакти ѕид до Вратата на Буништето.

14. Вратата на Буништето ја поправаше Малхиј, синот Рихавов, главатар на веткеримскиот округ, со своите синови: ги зацврстија крилата, клучалките и лостовите.

15. Изворската Врата ја поправаше Салум, синот Хол-Озин, главатар на миспанскиот округ: ја изгради, ја покри, ги зацврсти вратните крила, клучалките и лостовите. Тој го поправаше и ѕидот кај рибникот Силоам, кој се тегне од Царската Градина до скалилата, што слегуваат од Давидовиот Град.

16. По него поправаше Неемиј, синот Азвуков, главатар на половина ветсурски округ, сè до спроти Давидовата Гробница, и до вештачкиот Рибник и до Војницата.

17. По него поправаа левитите: Реум, синот Ваниев; а до него поправаше Асавиј, главатар на половина кеилски округ, за своето подрачје.

Прочитајте целосна глава Ездра 3