Стар Завет

Нов Завет

Ездра 2:10-15 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

10. Кога Санавалат, Оронец, и слугата Товиј, Амонец, го чуја тоа, им беше многу одвратно, бидејќи дојде човек, за да се заземе за доброто на Израелците.

11. Откако стигнав во Ерусалим, останав таму три дни.

12. Потоа станав ноќе, во придружба на неколку луѓе, не доверувајќи му никому што мојот Бог ме вдахна да направам за Ерусалим; а немав друго животно освен добичето на кого јавав.

13. И така, излегов ноќе на Долинската Врата и се запатив кон Змевскиот Извор, а потоа кон Вратата на Буништето: го разгледав ерусалимскиот ѕид, каде беше разурнат и вратата што беше изгорена.

14. Го продолжив патот кон Изворската Врата и Царевиот Рибник, но не најдов премин за животното на кое јавав.

15. Затоа се искачив ноќта покрај Потокот, и натаму разгледувајќи го ѕидот, и повторно влегов низ Долинската Врата. Така се вратив,

Прочитајте целосна глава Ездра 2