Стар Завет

Нов Завет

Ездра 12:32-43 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

32. по нив одеа Осај и половина од јудејските кнезови -

33. Азариј, Езра и Месулам,

34. Јуда, Венијамин, Семај и Еремиј,

35. а од свештеничките синови со рогови: Захариј, синот Јонатанов, син Семаев, син Матаниев, син Микаев, син Захуров, син Асафов,

36. со нивните браќа Семај, Ауреил, Милалај, Гилалај, Мај, Натанаил, Јуда, Ананиј, со свирките на Давида, Божјиот човек. А Езра, книжевникот, одеше пред нив.

37. Кај Изворската Врата се искачија спроти нив покрај скалилата на Давидовиот Град по ѕидната нагорница од Давидовиот Дворец сè до Водната Врата на исток.

38. Вториот пејачки собир, а по него и половина од народните кнезови, одеше налево по ѕидот и Пекќата Стражарница сè до Широкиот Ѕид,

39. па тогаш над: Ефремовата Врата, Старата Врата, Рибината Врата, Ананеиловата Стражарница, стражарницата Меја, сè до Овчата Врата. Застанаа при Затворската Врата.

40. Потоа двата пејачки собири зазедоа место во Божјиот Храм. Исто и јас и со мене половината главатари,

41. свештениците Елијаким, Масиј, Минијамин, Михај, Елиоинај, Захариј, Ананиј со труби,

42. потоа Масиј, Семај, Елеазар, Озиј, Јоанан, Малхиј, Елам и Есер. Пејачите пееја под раководство на Езрај.

43. Во тој ден беа принесени големи жртви, луѓето и дадоа изблик на радоста, зашто Бог ги беше исполнил со голема радост; се веселеа и жените и децата. И радоста на Ерусалим се слушаше надалеку.

Прочитајте целосна глава Ездра 12