поглавја

  1. 1
  2. 2
  3. 3
  4. 4
  5. 5
  6. 6
  7. 7
  8. 8
  9. 9
  10. 10
  11. 11
  12. 12
  13. 13

Стар Завет

Нов Завет

Ездра 12 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Ова се свештениците и левитите, кои дошле со Зоровавел, синот Салатилов, и со Исуса: Серај, Еремиј, Езра,

2. Амариј, Малух, Хатус,

3. Сеханиј, Реум, Меримот,

4. Идо, Гинетон, Авиј,

5. Мијамин Мадиј, Вилга,

6. Семај, Јојарив, Једај,

7. Салуј, Амок, Хелкиј и Једај. Тоа беа свештенички главатари и нивните браќа во Исусовото време.

8. А левити: Исус, Винуј, Кадмил, Серевиј, Јуда, Матаниј - овој последниот и неговите браќа управуваа со песните.

9. Ваквукиј и Униј и нивните браќа се сменуваа со нив во службата.

10. На Исуса му се роди Јоаким; на Јоакима му се роди Елијасив, а на Елијасива - Јојад;

11. на Јојада му се роди Јонатан а на Јонатана му се роди Јаду.

12. Во Јоакимовото време главатари на свештеничките семејства беа: на Сераиното семејство Мерај; на Еремиевото Ананиј;

13. на Езриното Месулам; на Амариевото Јонатан;

14. на Мелихуевото Јонатан; на Севаниевото Јосиф;

15. на Харимовото Адна; на Марајотовото Елкај;

16. на Идовото Захариј, на Минијаминовото и Моадиевото семејство Филтај;

18. на Вилжиевото Самуј, на Семаијевото Јонатан;

19. на Јојаривовото Матенај; на Једаиното Озиј;

20. на Салаевото Калај, на Амоковото Евер,

21. на Хилкиевото Асавиј, на Једаијевото Натанаил.

22. Во времето на Елијасив, Јојад, Јоанан и Јадве беше извршен попис на главатарите на левитските семејства и свештениците сè до царувањето на Дариј Персиецот.

23. Левиевите синови: главатари на семејствата беа забележани во Книжниот свиток на летописот до времето на Јоанан, синот Елијасивов.

24. Левитски главатари беа: Асавиј, Серевиј, Исус, Бинуј, Кадмиел, а нивните браќа, кои стоеја спроти нив за да пејат наизменично пофалби и благодарници според уредбите на Давид, Божјиот човек,

25. беа: Матаниј, Ваквукиј и Овадиј. А Месулам, Талмон и Акув, вратари, чуваа стража кај складот близу до вратата.

26. Тие живееја во времето на Јоаким, синот на Исуса, син Јоседеков, и во времето на управителот Неемиј и на книжевникот свештеник Езра.

27. Кога беше осветувањето на ерусалимскиот ѕид, ги побараа левитите, секаде каде што живееја, за да ги доведат во Ерусалим та да го прослават осветувањето со радост, со благодарници и со песни покрај кимвали, псалтири и гуслиња.

28. И се собраа пејачи Левиеви синови, од крајот околу Ерусалим, од нетофатските села,

29. од Вет Гилгал, од Гева и од полето Азмавет: зашто пејачите си изградија села околу Ерусалим.

30. Свештениците и левитите се очистија себе си, а потоа ги исчистија народот, вратите и ѕидот.

31. Тогаш ги искачив јудејските кнезови на ѕидот и составив два големи пејачки собири. Првиот одеше десно по ѕидот, кон Гнојната Врата;

32. по нив одеа Осај и половина од јудејските кнезови -

33. Азариј, Езра и Месулам,

34. Јуда, Венијамин, Семај и Еремиј,

35. а од свештеничките синови со рогови: Захариј, синот Јонатанов, син Семаев, син Матаниев, син Микаев, син Захуров, син Асафов,

36. со нивните браќа Семај, Ауреил, Милалај, Гилалај, Мај, Натанаил, Јуда, Ананиј, со свирките на Давида, Божјиот човек. А Езра, книжевникот, одеше пред нив.

37. Кај Изворската Врата се искачија спроти нив покрај скалилата на Давидовиот Град по ѕидната нагорница од Давидовиот Дворец сè до Водната Врата на исток.

38. Вториот пејачки собир, а по него и половина од народните кнезови, одеше налево по ѕидот и Пекќата Стражарница сè до Широкиот Ѕид,

39. па тогаш над: Ефремовата Врата, Старата Врата, Рибината Врата, Ананеиловата Стражарница, стражарницата Меја, сè до Овчата Врата. Застанаа при Затворската Врата.

40. Потоа двата пејачки собири зазедоа место во Божјиот Храм. Исто и јас и со мене половината главатари,

41. свештениците Елијаким, Масиј, Минијамин, Михај, Елиоинај, Захариј, Ананиј со труби,

42. потоа Масиј, Семај, Елеазар, Озиј, Јоанан, Малхиј, Елам и Есер. Пејачите пееја под раководство на Езрај.

43. Во тој ден беа принесени големи жртви, луѓето и дадоа изблик на радоста, зашто Бог ги беше исполнил со голема радост; се веселеа и жените и децата. И радоста на Ерусалим се слушаше надалеку.

44. Во тоа време беа поставени луѓе да ги надгледуваат клетовите во кои се оставаа приносите, првините, десетоците, и да ги собираат, од полињата покрај градовите, деловите кои Законот им ги доделува на свештениците и левитите. Зашто Јудејците им се радуваа на свештениците и левитите, кои беа во служба.

45. Тие вршеа служба на својот Бог и служба за очистување - како и пејачите и вратарите - според одредбата на Давида и на неговиот син Соломон.

46. Зашто од Давидовите и од Асафовите денови, од дамнина постојат пејачки главатари и песни за фала и слава на Бога.

47. Затоа сиот Израел во времето на Зоровавел и во Неемиевото време даваше, ден по ден, делови одредени за пејачите и вратарите, а левитите им даваа на Ароновите потомци.