Стар Завет

Нов Завет

Ездра 12:22-32 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

22. Во времето на Елијасив, Јојад, Јоанан и Јадве беше извршен попис на главатарите на левитските семејства и свештениците сè до царувањето на Дариј Персиецот.

23. Левиевите синови: главатари на семејствата беа забележани во Книжниот свиток на летописот до времето на Јоанан, синот Елијасивов.

24. Левитски главатари беа: Асавиј, Серевиј, Исус, Бинуј, Кадмиел, а нивните браќа, кои стоеја спроти нив за да пејат наизменично пофалби и благодарници според уредбите на Давид, Божјиот човек,

25. беа: Матаниј, Ваквукиј и Овадиј. А Месулам, Талмон и Акув, вратари, чуваа стража кај складот близу до вратата.

26. Тие живееја во времето на Јоаким, синот на Исуса, син Јоседеков, и во времето на управителот Неемиј и на книжевникот свештеник Езра.

27. Кога беше осветувањето на ерусалимскиот ѕид, ги побараа левитите, секаде каде што живееја, за да ги доведат во Ерусалим та да го прослават осветувањето со радост, со благодарници и со песни покрај кимвали, псалтири и гуслиња.

28. И се собраа пејачи Левиеви синови, од крајот околу Ерусалим, од нетофатските села,

29. од Вет Гилгал, од Гева и од полето Азмавет: зашто пејачите си изградија села околу Ерусалим.

30. Свештениците и левитите се очистија себе си, а потоа ги исчистија народот, вратите и ѕидот.

31. Тогаш ги искачив јудејските кнезови на ѕидот и составив два големи пејачки собири. Првиот одеше десно по ѕидот, кон Гнојната Врата;

32. по нив одеа Осај и половина од јудејските кнезови -

Прочитајте целосна глава Ездра 12