Стар Завет

Нов Завет

Ездра 1:1-4 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Зборови на Неемија, Ахалиевиот син. Во месецот Хаслев, во дваесеттата година, кога бев во столичниот град Шуша,

2. дојде Ананиј, еден од моите браќа, со некои луѓе од Јудеја. Јас ги прашав за Евреите - за Остатокот, што се спаси од пленство, и за Ерусалим.

3. Тие ми одговорија: „Остатокот, оние, кои што останаа во земјата по пленувањето, се во голема неволја и срам. Ерусалимскиот ѕид е разурнат сиот, а вратите му се изгорени со оган”.

4. Кога ги чув тие зборови, седнав и заплакав. Тажев повеќе денови, постев и се молев пред небескиот Бог.

Прочитајте целосна глава Ездра 1