поглавја

  1. 1
  2. 2
  3. 3
  4. 4
  5. 5
  6. 6
  7. 7
  8. 8
  9. 9
  10. 10
  11. 11
  12. 12
  13. 13

Стар Завет

Нов Завет

Ездра 1 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Зборови на Неемија, Ахалиевиот син. Во месецот Хаслев, во дваесеттата година, кога бев во столичниот град Шуша,

2. дојде Ананиј, еден од моите браќа, со некои луѓе од Јудеја. Јас ги прашав за Евреите - за Остатокот, што се спаси од пленство, и за Ерусалим.

3. Тие ми одговорија: „Остатокот, оние, кои што останаа во земјата по пленувањето, се во голема неволја и срам. Ерусалимскиот ѕид е разурнат сиот, а вратите му се изгорени со оган”.

4. Кога ги чув тие зборови, седнав и заплакав. Тажев повеќе денови, постев и се молев пред небескиот Бог.

5. И реков: „О Господи, небески Боже, велики и страшни Боже, Кој го пазиш Заветот и наклоноста кон оние, кои Те љубат и ги пазат Твоите заповеди!

6. Твоето уво нека биде внимателно и Твоите очи отворени, за да ја чуеш молитвата на Својот слуга. Ти се молам сега, дење и ноќе, за Израелевите синови, Твои слуги, и ги исповедам гревовите на Израелевите синови, што ги направивме против Тебе; согрешивме: јас и куќата на мојот татко!

7. Правевме многу зло спрема Тебе не држејќи ги Твоите наредби, закони и заповеди, кои ги заповеда Ти преку Мојсеја, Твојот слуга.

8. Но спомни си за зборовите, што му ги довери на Мојсеја, Твојот слуга: ‘Ако бидете неверни, Јас ќе ве распрснам меѓу народите;

9. ама ако Ми се обратите Мене, и ако ги почитувате Моите заповеди и ги држите, ако има некои од вас протерани и до крајот на небото, Јас ќе ве соберам и ќе ве одведам до местото, кое го избрав, за да престојува таму Моето Име’.

10. А, ете, тие се Твои слуги и Твој народ, кои ги избави со Својата голема сила и со Својата моќна рака.

11. Ах, Господи, Твоето уво нека биде внимателно кон молитвата на Твоите слуги, кои се подготвени да се бојат од Твоето Име. Скромно Те молам, додели му денес среќа на Својот слуга и направи да најде милост пред овој човек”. А јас бев тогаш царев виноцрпач.