Стар Завет

Нов Завет

Естир 9:24-32 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

24. „Аман, синот Амедатин, Агагеец, гонител на Евреите, кога науми да ги уништи сите, фрли „Пур”, односно жрепка, за нивното погубување и истребување;

25. но кога царот научи за неговата замисла, тој нареди писмено: „Нека се обори врз неговата глава опаката замисла што ја беше засновал против Евреите, и нека биде обесен, тој и неговите синови.

26. Затоа тие денови се наречени Пурим, според зборот Пур. Затоа според сета содржина на тоа писмо, и според она што видоа и што им беше пренесено

27. Евреите се обврзаа неотповикливо и прифатија за себе, за своите потомци и за сите оние кои ќе се здружат со нив, дека ќе ги прославуваат секоја година тие два дена според тој пропис и во тоа време.

28. Тие денови треба да се слават и да се спомнуваат за нив од поколение до поколение во секое семејство, покраина и град: тие денови на Пурим не смеат да исчезнат пред Евреите, ниту споменот за нив да биде избришан од нивниот род.

29. Царицата Естира, ќерката Авихаилова, и Евреинот Мардохеј го напишаа тоа што посилно за да го поткрепат така уште еднаш писмото за Пурим.

30. Писмата им беа испратени на сите Евреи во сто дваесет и седум покраини на Ахасверовото царство со порака на мир и верност;

31. за да ги пазат тие денови на Пурим во нивното одредено време, како што го одредија тоа Евреинот Мардохеј и царицата Естира, и за да пазат пост и молитви, онака кака што тие се обврзаа себеси и своите потомци.

32. Така Естирината наредба ги озакони овие прописи за Пурим, и тоа беше запишано во книжен свиток.

Прочитајте целосна глава Естир 9