Стар Завет

Нов Завет

Естир 4:1-7 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Мардохеј научи за сè што се случи: ја раскина облеката врзсебе, облече вреќишта, се посипа со пепел и помина сред градот тажејќи гласно и горко.

2. Дојде само до царевата врата, зашто со она вреќиште врз себе не можеше да помине низ неа.

3. Во секоја покраина, секаде каде ќе се научеше за царевиот збор и за неговиот проглас, жалоста завладуваше меѓу Евреите: постеа плачеа и ридаа. На мнозина од нив вреќиштето и пепелта им стана легло.

4. Естирините девојки и нејзините скопеници дојдоа да ја известат за тоа. Царицата се вознемири многу. Му испрати облека на Мардохеј за да ја облече, а да го соблече вреќиштето од себе, ама тој одби.

5. Тогаш Естира го повика Атаха, еден од царевите скопеници, кој и беше одреден на служба, па го испрати кај Мардохеј за да научи од него што се случило и зошто е таков.

6. Атах отиде до Мардохеја на градскиот плоштад, пред царевата врата.

7. Мардохеј му раскажа што му се случило и подробно го извести за сребрениците што Аман ветил да ги вложи во царевата благајна, за да би можел да ги уништи Евреите.

Прочитајте целосна глава Естир 4