Стар Завет

Нов Завет

Еремија 51:37-40 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

37. Вавилон ќе биде куп урнатини, дувло на шакали, ужас и потсмев, ненаселен крај.

38. Сите заедно рикаат како лавови, вијат како лавчиња.

39. Кога ќе се стоплат, ќе им приредат пијанка, ќе ги напојат за да се повеселат, и да заспијат со вечен сон, па веќе да не се разбудат - говори Господ.

40. Ќе ги одведам како јагниња на колење, како јарци и овни.

Прочитајте целосна глава Еремија 51