Стар Завет

Нов Завет

Еремија 44:4-24 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

4. А Јас постојано ви ги праќав Своите слуги, пророците, за да ви речат: „Не правете ги тие гнасости што Ми се замразени!”

5. Ама тие не Ме слушаа, ниту го приклонија своето уво за да се откажат од своето зло и да прекратат да им кадат на туѓи богови.

6. Затоа се излеа Мојот гнев и Мојата расрденост, и се распламтија во јудејските градови и по ерусалимските улици, та се претворија во пустина и во урнатини, како што се денес.

7. Зошто самите навалувате врз себеси таква голема несреќа - зборува Господ, Бог над Војските, Израелевиот Бог - та самите истребувате од корен сè: машко и женско, деца и младенчиња, та ни остатокот нема да ви остане,

8. зашто Ме навредувате со делата на вашите раце, кадејќи им на туѓи богови во Египетската Земја, во која што дојдовте да престојувате, а ќе бидете откорнати и ќе станете клетва и потсмев меѓу сите народи на земјата?

9. Ги заборавивте ли беззаконијата на своите татковци, беззаконијата на јудејските цареви, беззаконијата на своите кнезови и на нивните жени, и своите беззаконија, беззаконијата на своите жени, направени во Јудејската Земја и по ерусалимските улици.

10. До денешен ден не се покајаа, не се боеја, не живееја според Мојот Закон ни по Моите одредби, што ви ги дадов вам и на вашите татковци.’

11. Затоа вака зборува Господ над Воинствата, Израелевиот Бог: ‘Еве, Го свртувам Своето лице против вас, за ваша несреќа, за да ја сотрам сета Јудејска Земја.

12. Ќе го однесам остатокот на Јудеја кој одлучи да оди во Египетската Земја, за да се насели таму; сите ќе загинат во Египетската Земја, ќе паднат од меч, ќе гинат од глад, ќе загинат сите, мало и големо, ќе изумрат од меч и од глад, и ќе бидат проклетство, ужас, клетва и укор.

13. Ќе ги казнам сите што ќе бидат во Египетската Земја, како што го казнив Ерусалим: со меч, со глад и со помор.

14. А од остатокот на Јудеја што дојде да се настани во Египет, никој не ќе избега ниту ќе преживее, за да би можел да се врати во Јудејската Земја, по која им копнеат душите, за да се вратат во неа и за да се настанат таму. Зашто никој не ќе се врати, освен бегалците.’”

15. И тогаш сите мажи кои што знаеја дека жените им кадат на туѓи богови, и сите присутни жени, во големо мноштво, и сиот народ што живееше во Египетската Земја и во Патрос, му одговорија на Еремија:

16. „Зборовите што ни ги објави во Господово Име ние не ги слушаме;

17. спротивно, и натаму ќе го пазиме словото излезено од нашите усти: ќе и кадиме на небеската царица и ќе лееме налевници, како што и ние и нашите татковци, нашите цареви и нашите кнезови правеа во јудејските градови и по ерусалимските улици: тогаш имавме леб во изобилство, бевме среќни, и не трпевме никаква несреќа.

18. Но откако прекративме да и кадиме на небеската царица и да и лееме налевници, бевме скудни во сè, и гиневме од меч и од глад.”

19. А жените рекоа: „Кога и кадиме на небеската царица и и лееме налевници, зар без знаење на своите мажи печеме колачиња во облик на нејзиниот лик и лееме налевници?”

20. Тогаш Еремија на сиот народ, на мажите и жените, и на сите луѓе што му зборуваа така, им рече:

21. „Не си ли спомна Господ и не Го ѓибна ли во срцето темјанот што го палевте по јудејските градови и по ерусалимските улици, вие и вашите татковци, вашите цареви, кнезови и земниот полк?

22. Господ не можеше веќе да ги поднесува вашите злодела и гнасостите што ги направивте, и затоа вашата земја се претвори во пустина и урнатини, во проклетство, без жители, како што е и денес.

23. Заради тоа што, принесувајќи темјан, Му згрешивте на Господа, зашто не го слушавте Господовиот глас и не ги пазевте Господовиот Закон и неговите наредби и сведоштва, ве најде оваа несреќа, каква што е денес.”

24. Потоа Еремија му рече на сиот народ, особено на жените: „Чујте го Господовото слово, сите Јудејци што сте во Египетската Земја:

Прочитајте целосна глава Еремија 44