Стар Завет

Нов Завет

Еремија 33:17-20 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

17. Зашто Господ зборува вака: „Никогаш на Давида не ќе му снема потомок, кој ќе седи на престолот на Израелевиот дом.

18. И никогаш на левитите и на свештениците не ќе им снемаат потомци, кои ќе служат пред Мене и ќе принесуваат паленици, приносници со кадење и ќе жртвуваат во сите денови.’”

19. И Господовото слово му дојде на Еремија:

20. „Господ зборува вака: ‘Ако можете да го укинете Мојот Завет со денот и Мојот Завет со ноќта, така што ќе нема веќе ни ден ни ноќ во право време,

Прочитајте целосна глава Еремија 33