1. Додека Еремија уште беше затворен во темничкиот двор, и по вторпат му дојде Господовото слово:
2. „Вака зборува Господ, Кој ја создаде земјата, ја вообличи и ја зацврсти - Името Му е Господ!
3. ‘Повикај Ме, и ќе ти одговорам и ќе ти откријам големи и недостижни тајни за кои што не знаеш ништо.’
4. Зашто вака зборува Господ, Израелевиот Бог, за куќите на овој град и за дворците на јудејските цареви, разурнати заради насипи и меч,
5. и за оние што зафаќаат борба со Халдејците за да ги наполнат своите куќи со телата на луѓето, што ги истепав во Својата расрденост и јарост, и го одвратив Своето лице од овој град заради нивните лошотии.
6. Еве, Јас ќе ја исцелам нивната рана, Јас ќе ги оздравам и исцелам и ќе им пружам изобилство на вистинскиот мир.
7. Ќе ја изменам судбината на Јудината Земја и на Ерусалим и ќе ги подигнам да бидат како некогаш.
8. Ќе ги очистам од секој грев со кој согрешија против Мене, и ќе им ги простам сите вини што Ми ги скривија, одметнувајќи се од Мене.