Стар Завет

Нов Завет

Еремија 25:34-38 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

34. Ридајте, пастири, и викајте, тркалајте се по правот, водичи на стадата, зашто ви се исполнија деновите за колење, ќе испаѓате како избрани овни.

35. Веќе нема засолниште за пастирите, ниту спасение за водичите на стадата.

36. Чуј, како ридаат пастирите, како плачат водичите на стадата, зашто Господ го запустува нивното пасиште,

37. мирните пасишта се сотрени од Господовиот јаросен гнев.

38. Лавот ги остава грмушките, зашто ќе запустее нивната земја, од запустувачкиот меч, од јаросниот Господов гнев.”

Прочитајте целосна глава Еремија 25