Стар Завет

Нов Завет

Еремија 19:1-7 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Господ ми рече вака: „Отиди и купи глинена врчва. Поведи со себе неколку народни и свештенички старешини.

2. Појди во Долината Бен Еном, на влезот на Грнчарската Врата. Таму разгласи го зборот што ќе ти го речам.

3. Речи им: ‘Чујте го Господовото слово, јудејски цареви и ерусалимски жители. Вака зборува Господ над Воинствата, Израелевиот Бог: „Еве, доведувам несреќа на ова место, та на сите што ќе го чујат тоа ќе им заѕуни во ушите.

4. Затоа што Ме оставија и го оттуѓија ова место кадејќи им на туѓи богови, што не ги познаваа нивните татковци ни јудејските цареви; и затоа што го натопија ова место со крвта на невините;

5. и затоа што ги изградија Вааловите високи места, за да му ги спалуваат синовите како жртви, а тоа Јас никогаш не им го наредив ниту заповедав, ниту пак Ми падна на ум нешто такво.

6. Затоа, еве, доаѓаат денови - зборува Господ - кога ова место не ќе се вика веќе Тофет, ниту Долина Бен Еном, туку Долина на Колеж.

7. Ќе ја осуетам на ова место намислата на Јудеја и на Ерусалим и ќе направам сите да загинат од непријателски меч, од рацете на оние што им работат спроти главата. А нивните трупови ќе им ги дадам за храна на небесните птици и на полските ѕверови.

Прочитајте целосна глава Еремија 19