Стар Завет

Нов Завет

Еремија 11:11-23 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

11. Затоа Господ зборува вака: „Еве, ќе доведам врз нив зло на кое не ќе му избегаат; ќе викаат кон Мене, но Јас нема да ги слушам.

12. Тогаш јудејските градови и ерусалимските жители нека викаат кон боговите на кои им кадат, но тие нема да им помогнат во време на неволја!

13. Зашто имаш, о Јудејо, богови колку и градови! И колку што има улици во Ерусалим, толку жртвеници подигнавте за да му кадите на Ваала.

14. И така, ти не моли милост за тој народ, не дигај го гласот за нив и не моли, зашто нема да ги послушам кога ќе Ме повикаат во својата неволја.

15. Што бара мојата возљубена во Мојот Дом? Смислуваат лоши основи. Дали мрсното и посветеното месо ќе го отстранат злото од тебе? Дали можат затоа да те прогласат чиста?

16. ‘Зелена маслинка со убаво растење,’ така те нарече Господ. А сега со голем шум со пламен го гори нејзиното лисје, изгорени се нејзините гранки.

17. Господ над Воинствата, Кој те беше посадил, ти наметна несреќа заради злосторот што го направи Израелевиот дом и Јудиниот дом, кадејќи му на Ваала, за да Ме разгневат Мене.

18. Господ ми објави, па знам! Господи, тогаш Ти ми ги откри нивните сплетки.

19. А јас бев како кротко јагне, што го водат на колење и не претчувствував дека против мене кројат пакосни замисли. „Да го уништиме дрвото со неговите плодови; да го откорнеме од земјата на живите, за да не му се спомнува никогаш веќе името!”

20. Но Ти, Господи над Војските, Кој судиш праведно, Кој ги испитуваш срцето и бубрезите, дај ми да видам како им се одмаздуваш ним, зашто Тебе Ти ја доверив својата парница.

21. „Затоа Господ над Воинствата зборува против луѓето во Анатот, кои што ми работат спроти глава и зборуваат: ‘Не пророкувај веќе во Господово Име, за да не загинеш од нашата рака!’

22. Господ над Војските зборува вака: ‘Еве, Јас ќе ги казнам. Нивните младинци ќе загинат од меч, синовите и ќерките ќе изумрат од глад.

23. Ни Остатокот не ќе остане кога ќе им ја донесам несреќата на луѓето во Анатот во годината на нивната казна.’”

Прочитајте целосна глава Еремија 11