Стар Завет

Нов Завет

Еремија 10:9-18 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

9. Сребро исковано во листови увезено од Тарсис, злато од Уфаз, работа на копаничарот и ракотворба на златарот, сè уметнички дела, наметнати со љубичесто и со црвено сукно.

10. А Господ е вистински Бог, Тој е жив Бог и вечен Цар. Земјата се тресе од Неговиот гнев, народите не можат да ја поднесат Неговата јарост.

11. Еве што ќе речете за киповите: „Боговите кои не ги создадоа небесата ни земјата треба да ги снема од лицето на земјата и под небото.”

12. Тој ја создаде земјата со Својата сила, со Својата мудрост ја утврди вселената, и со Својот ум ги оптегна небесата.

13. Кога ќе Му заечи гласот, водите на небесата шумат, ги крева облаците од крајот на земјата; му создава молња на дождот, го изведува ветерот од неговите засолништа.

14. На секој човек му застанува паметта, секој златар се засрамува од својот кип, зашто сите кипови му се само измама, нема дух во нив!

15. Тие се суетни, смешни творби, ќе пропаднат во денот на казната.

16. „Јакововиот Дел” не е како нив: зашто Тој е Творец на сè, Израел е племе на Неговото наследство, Господ над Воинствата е Неговото Име.

17. Собери ги своите искинати облеки од земјата, ти, кој живееш во тврдина!

18. Зашто Господ вели вака: „Ете, овој пат далеку ќе ги отфрлам жителите на оваа земја, ќе ги притеснам за да Ме најдат.”

Прочитајте целосна глава Еремија 10