Стар Завет

Нов Завет

Еремија 10:22-25 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

22. Чујте вести! Еве, се доближува страшно бучење од северната земја, за да ги претвори јудејските градови во пустина, во кална локва на шакалите.

23. Знам, Господи, дека патот на човекот не е во неговата власт, дека човекот, кој што оди не може да ги управува своите чекори!

24. Господи, казни ме, но по правда, не во гнев, за да не ме сотреш.

25. Излеј гнев врз народите кои не Те признаваат, и на племињата кои не го повикуваат Твоето Име! Зашто тие го голтнаа Јакова, го изедоа, го запустија неговото живеалиште.

Прочитајте целосна глава Еремија 10