Стар Завет

Нов Завет

Еремија 10:1-11 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Слушајте го зборот што ви го зборува Господ, Израелев Дому.

2. Господ зборува вака: „Не свикнувајте на безбожниот пат, и не треперете пред небесните знаци, зашто пред нив треперат само безбожниците.

3. Зашто правилата на тие народи се ништожество, само дрво пресечено во гората, дело на рацете на дрводелецот,

4. украсено со сребро и злато, прицврстено со клинови и со млат за да не се ниша.

5. Слични се на птичините страшила во градината: не знаат да зборуваат. Треба да бидат носени, зашто не умеат да одат. Не бојте се од нив, зашто не можат да прават зло, но не можат да прават ни добро.”

6. Никој не е како Ти, Господи, Ти си велик и силно е Твоето Име.

7. Кој да не се бои од Тебе, Цару на народите? Навистина, Тебе Ти припаѓа, зашто меѓу сите мудреци на народите и во сите нивни царства Ти нема рамен! Со што палат оган, тоа ги залудува! Законот им е суетен - обично дрво.

8. Сите до еден тие се бесмислени и глупи; празно учење - тоа е дрво.

9. Сребро исковано во листови увезено од Тарсис, злато од Уфаз, работа на копаничарот и ракотворба на златарот, сè уметнички дела, наметнати со љубичесто и со црвено сукно.

10. А Господ е вистински Бог, Тој е жив Бог и вечен Цар. Земјата се тресе од Неговиот гнев, народите не можат да ја поднесат Неговата јарост.

11. Еве што ќе речете за киповите: „Боговите кои не ги создадоа небесата ни земјата треба да ги снема од лицето на земјата и под небото.”

Прочитајте целосна глава Еремија 10