Стар Завет

Нов Завет

Еремија 1:5-15 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

5. „Пред да те вообликувам во мајчината утроба, Јас те знаев; пред да излезеш од мајчината утроба, Јас те посветив, за пророк на сите народи те поставив.”

6. А јас реков: „Ах, Господи Боже, ете, јас не знам да зборувам: дете сум.”

7. А Господ ми одговори: „Не зборувај: ‘Дете сум!’ Туку оди кај оние кај кои те праќам и речи им го сè она што ќе ти го наредам.

8. Не бој се од нив: Зашто Јас Сум со тебе за да те избавам,” говори Господ.

9. И тогаш Господ ја протегна раката, ја допре мојата уста и рече: „Еве, ги ставам Моите зборови во твојата уста.

10. Ете, те поставувам денес над народите и над царствата, за да истребуваш и разурнуваш, за да сотираш и ништиш, за да градиш и садиш.”

11. И ми дојде Господовото слово: „Што гледаш, Еремија?” А јас реков: „Гледам бадемова гранка.”

12. Тогаш Господ ми рече: „Добро гледаш, зашто јас бдеам над Моите зборови, за да ги исполнам!”

13. И ми дојде Господовото слово: „Што гледаш?” А јас реков: „Гледам зовриен грнец, а неговиот отвор гледа кон север.”

14. И Господ ми рече: „Злото ќе избувне од север против сите жители на оваа земја.

15. Зашто, ете, Јас ќе ги свикам сите северни царства - Господово слово е. И тие ќе дојдат: секое од нив ќе го стави својот престол пред влезот на вратата на Ерусалим, против сите негови ѕидови, и против сите јудејски градови.

Прочитајте целосна глава Еремија 1