Стар Завет

Нов Завет

Еремија 1:1-9 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Зборовите на Еремија, синот Хелкиин, свештеник од Анатот, во Венијаминовата Земја.

2. Господовото слово му дојде нему, во деновите на Јосиј, синот Амонов цар Јудин, во тринаесеттата година на неговото владеење:

3. потоа во деновите на Јоаким, синот Јосиин, царот Јудин, до свршетокот на единаесеттата година на Седекиј, синот Јосиин, царот на Јудеја, сè до заточението на Ерусалим во петтиот месец.

4. Ми дојде Господовото слово:

5. „Пред да те вообликувам во мајчината утроба, Јас те знаев; пред да излезеш од мајчината утроба, Јас те посветив, за пророк на сите народи те поставив.”

6. А јас реков: „Ах, Господи Боже, ете, јас не знам да зборувам: дете сум.”

7. А Господ ми одговори: „Не зборувај: ‘Дете сум!’ Туку оди кај оние кај кои те праќам и речи им го сè она што ќе ти го наредам.

8. Не бој се од нив: Зашто Јас Сум со тебе за да те избавам,” говори Господ.

9. И тогаш Господ ја протегна раката, ја допре мојата уста и рече: „Еве, ги ставам Моите зборови во твојата уста.

Прочитајте целосна глава Еремија 1